napagNIK br 3

4
1 Семејството на Националната асоцијација на престижни академски граѓани (НАПАГ) со потпишување на уште еден меморандум за соработка се збогати со најуспешните и најталентирани поединци од Универзитетот за Туризам и Менаџмент - Скопје. Покрај потпишувањето на меморандумот, беа доделени сертификати за членство на генерацијата 2014, а за прв пат беше најавен натпреварот за најдобар есеј, при што на студентот со најдобар есеј во соработка со КОУЗОН ќе му бидат покриени трошоците за програмата WORK&TRAVEL 2015. Националната асоцијација на престижни академски граѓани - НАПАГ официјално во соработка и со Студентскиот парламент на Универзитетот за Туризам и Менаџмент - Скопје. Со потпишувањето на меморандумот за соработка, двете организации се обврзаа со заеднички сили да им помогнат на најуспешните студенти од сите професии максимално да ги искористат своите потенцијали. На настанот беа доделени сертификати за членство на генерацијата 2014, а за прв пат беше официјализиран почетокот на стратешката соработка со КОУЗОН како официјален покровител на натпреварот за најдобар есеј со кој на членот на НАПАГ чиј есеј ќе биде оценет како најдобар ќе му биде обезбедена награда – покривање на трошоците за USA WORK&TRAVEL 2015 програмата. NAPAG NIK ПРЕСТИЖ НАПАГ претставува мрежа на интелектуалната елита на новото време која ги издвојува најуспешните студенти од сите професии ПРИЗНАНИЕ Членството во НАПАГ значи признание за академскиот успех на студентите на сите универзитети во Република Македонија УСПЕХ Со оддвавањето на признание за досегашното академски постигнувања, преку влезот во мрежата на интелектуалната елита на новото време, на членовите на НАПАГ им се зголемуваат можностите за успех во нивниот понатамошен личен и кариерен развој. БР. 3 ЗИМА 2014 ТВ ОРБИС ВТОРО СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАПАГ ЗА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2014 >> ПРОД.СТР. 6 8 НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ Никола Тесла 18/1-48, 1000 Скопје, Македонија www.napag.mk [email protected] НАЦИОНАЛНАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ е првата асоцијација во Македонија кој има за цел да им помогне на најуспешните студенти од сите професии во развој на креативноста и претприемачките вештини, како и во нивниот личен и кариерен развој. НАПАГ е самостојна, невладина, непрофитна и непартиска асоцијација на граѓани кои во својата земја и пошироко ги остваруваат своите лични и колективни права и слободи. МИСИЈАТА НА НАПАГ e да се искористи во целост потенцијалот на најуспешните студенти од сите професии преку развојот на креативноста и нивните претприемачки вештини ЗА НАПАГ Со членството во НАПАГ, секој член го добива следново: Вмрежување со најуспешните студенти од остантатите професии и докажани македонски научници во светски рамки Присуство на свечено доделување на сертификат за членство во „Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани“ Учество во различни натпревари во кои меѓу наградите се и покривање на трошоци за WORK AND TRAVEL програмата за студентски престој и работа во USА, присуство на бесплатни обуки, итн. Учество на една бесплатна сертифицирана обука од областа на креативноста, иновативноста и претприемништвото Поставување на CV и профил на веб страната на НАПАГ кое е достапно до голем број на работадавачи Попусти при организирање на идни обуки и настани за развој на креативноста, иновативноста и претприемачките и останатите животни вештини БЕНЕФИТИ КРИТЕРИУМИ ЗА ЧЛЕНСТВО За слободно или целосно членство во НАПАГ можат да аплицираат студентите од прв, втор и трет циклус студии на сите факултети во Република Македонија кои ги исполнуваат следниве услови: Имаат просек над 8.50 Имаат комплетирано најмалку два семестари од нивните студии Ќе приложат две препораки од нивни професори За почесно членство во НАПАГ можат да аплицираат сите граѓани на Република Македонија кои не мора да ги исполнуваат критериумите за слободно и целосно челнство, но имаат позначајни лични, лидерски, претприемачки и креативни постигнувања. Асоцијацијата со одлука донесена од нејзините органи одлучува околу апликациите за почесно членство. ВИДОВИ ЧЛЕНСТВА КАКО ДА СТАНЕШ ЧЛЕН МЕДИУМСКИ ПАРТНЕРИ

description

 

Transcript of napagNIK br 3

Page 1: napagNIK br 3

1

Семејството на Националната

асоцијација на престижни академски

граѓани (НАПАГ) со потпишување на

уште еден меморандум за соработка

се збогати со најуспешните и

најталентирани поединци од

Универзитетот за Туризам и

Менаџмент - Скопје. Покрај

потпишувањето на меморандумот, беа

доделени сертификати за членство на

генерацијата 2014, а за прв пат беше

најавен натпреварот за најдобар есеј,

при што на студентот со најдобар есеј

во соработка со КОУЗОН ќе му бидат

покриени трошоците за програмата

WORK&TRAVEL 2015.

Националната асоцијација на

престижни академски граѓани - НАПАГ

официјално во соработка и со

Студентскиот парламент

на Универзитетот за Туризам и

Менаџмент - Скопје. Со

потпишувањето на меморандумот за

соработка, двете организации се

обврзаа со заеднички сили да им

помогнат на најуспешните студенти

од сите професии максимално да ги

искористат своите потенцијали. На

настанот беа доделени сертификати за

членство на генерацијата 2014,

а за прв пат беше официјализиран

почетокот на стратешката соработка со

КОУЗОН како официјален покровител

на натпреварот за најдобар есеј со кој

на членот на НАПАГ чиј есеј ќе биде

оценет како најдобар ќе му биде

обезбедена награда – покривање на

трошоците за USA WORK&TRAVEL 2015

програмата.

NAPAGNIK

ПРЕСТИЖ

НАПАГ претставува мрежа на интелектуалната елита на

новото време која ги издвојува најуспешните

студенти од сите професии

ПРИЗНАНИЕ

Членството во НАПАГ значи признание за академскиот успех

на студентите на сите универзитети во Република

Македонија

УСПЕХ

Со оддвавањето на признание за досегашното академски постигнувања,

преку влезот во мрежата на интелектуалната елита на новото време, на

членовите на НАПАГ им се зголемуваат можностите за успех во нивниот

понатамошен личен и кариерен развој.

БР. 3 ЗИМА 2014

ТВ ОРБИС

ВТОРО СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ ЗА

ЧЛЕНСТВО ВО НАПАГ ЗА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2014

>> ПРОД.СТР. 6 8

НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ Никола Тесла 18/1-48, 1000 Скопје, Македонија

www.napag.mk [email protected]

НАЦИОНАЛНАТА АСОЦИЈАЦИЈА

НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ

ГРАЃАНИ е првата асоцијација во

Македонија кој има за цел да им

помогне на најуспешните студенти

од сите професии во развој на

креативноста и претприемачките

вештини, како и во нивниот личен

и кариерен развој. НАПАГ е

самостојна, невладина,

непрофитна и непартиска

асоцијација на граѓани кои во

својата земја и пошироко ги

остваруваат своите лични и

колективни права и слободи.

МИСИЈАТА НА НАПАГ e

да се искористи во целост

потенцијалот на најуспешните

студенти од сите професии преку

развојот на креативноста и

нивните претприемачки вештини

ЗА НАПАГ

Со членството во НАПАГ, секој член

го добива следново:

Вмрежување со најуспешните

студенти од остантатите

професии и докажани

македонски научници во

светски рамки

Присуство на свечено

доделување

на сертификат за членство во

„Националната Асоцијација

на Престижни Академски

Граѓани“

Учество во различни

натпревари во кои меѓу

наградите се и покривање на

трошоци за WORK AND

TRAVEL програмата за

студентски престој и работа

во USА, присуство на

бесплатни обуки, итн.

Учество на една бесплатна

сертифицирана обука од

областа на креативноста,

иновативноста и

претприемништвото

Поставување на CV и профил

на веб страната на НАПАГ кое

е достапно до голем број на

работадавачи

Попусти при организирање на

идни обуки и настани за

развој на креативноста,

иновативноста и

претприемачките и

останатите животни вештини

БЕНЕФИТИ

КРИТЕРИУМИ ЗА ЧЛЕНСТВО

За слободно или целосно

членство во НАПАГ можат да

аплицираат студентите од прв, втор и

трет циклус студии на сите факултети

во Република Македонија кои ги

исполнуваат следниве услови:

Имаат просек над 8.50

Имаат комплетирано најмалку два семестари од нивните студии

Ќе приложат две препораки од нивни професори

За почесно членство во НАПАГ можат

да аплицираат сите граѓани на

Република Македонија кои не мора

да ги исполнуваат критериумите за

слободно и целосно челнство, но

имаат позначајни лични, лидерски,

претприемачки и креативни

постигнувања. Асоцијацијата со

одлука донесена од нејзините органи

одлучува околу апликациите за

почесно членство.

ВИДОВИ ЧЛЕНСТВА

КАКО ДА СТАНЕШ ЧЛЕН

МЕДИУМСКИ ПАРТНЕРИ

Page 2: napagNIK br 3

„КРЕАТОРИ НА СОНОТ“

„КРЕАТОРИ НА СОНОТ“

7

МОЖНОСТ ЗА КОМПАНИИТЕ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО КАМПАЊАТА НА НАПАГ„КРЕАТОРИ НА СОНОТ“

креативни студенти и си ги

зголемувате шансите за зајакнување

на сопствената конкурентска

позиција со развој на нови и

иновативни производи/услуги, нови

начини на продажба/промоција,

освојување нови клиенти/партнери

и сл.

Како донатор на НАПАГ добивате

можност да го стипендирате

личниот развој на дел од

најуспешните македонски

студенти од струки за кои вие сте

најмногу заинтересирани, преку

стипендирање на програмата LIFE

TOOLS ACADEMY со што директно ќе

им помогнете да ја отклучат нивната

креативност и иновативност и во

целост да го искористат нивниот

потенцијал.

Дополнително, сонот на

најуспешните студенти ќе стане

реалност и преку можноста да бидат

ваши практиканти и потенцијални

вработени и да придонесат и за ваш

развој.

За да станете донатор во НАПАГ,

испратете ни емаил на:

[email protected]

Имајќи го тоа во вид, донацијата

е потврда за вашето

исклучително високо ниво на

корпоративна општествена

одговорност што дополнително

ќе го зајакне вашиот позитивен

имиџ во очите на целокупната

јавност.Исто така, вие, креаторите

на сонот, имате пристап и до

датабазата на најуспешни

Со донирање во НАПАГ, вашата

организација дава директен

придонес за зголемување на

креативниот, иновативниот и

претприемачкиот потенцијал на

најталентираните и

најуспешните студенти во

Република Македонија

помаѓајќи им нивниот сон да

стане реалност.

ОВОЗМОЖИ

1 врботување

Елена Гагачева,

член на НАПАГ од

Економскиот

факултет во

Прилеп

ОВОЗМОЖУВА

1 стипендија

за Work&Travel 2015

програмата за

победникот на

натпреварот што го

организира НАПАГ

ОВОЗМОЖУВА

4 практикански

позиции

за членови на

НАПАГ

На 1 октомври 2014 година , дел од

членовите на НАПАГ од Скопје учестуваа

на еднодневната обука на тема „Биди

креативен и иновативен и размислувај

претприемачки“.

ОДРЖАНА СЕРТИФИЦИРАНАТА ОБУКА „БИДИ КРЕАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН, РАЗМИСЛУВАЈ ПРЕТПРИЕМАЧКИ ЗА ДЕЛ ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА НАПАГ ВО СКОПЈЕ

Обуката ја одржа Д-р Игор Андреев,

потпреседател на НАПАГ, а се

дискутираше за неколку алатки кои

се неопходни и потребни за развој

на креативноста на овие членовите,

како на пример Brainstorming и

brainwriting алатките, техниката на 6

капи и select алатката. Овие обуки се

придонес кон развојот на

креативните и иновативните

вештини бидејќикреативноста е

една од најважните карактеристики

која младите треба да ја поседуваат

за успешен напредок.

ПАРТНЕРСТВАTA НА НАПАГ

ВИЖОНКО®- НАЈНОВИОТ ПАРТНЕР НА НАПАГ ВО ДЕЛОТ НА ОБУКИТЕ

ВИЖОНКО® е првиот стрип-лик

креиран во Македонија како заштитно

лице на три академии меѓу која и Life

Tools Academy која содржи обуки за

стекнување со неопходните вештини

кои се неопходни за идните кадри и

кои ги бараат работадавачите

во Република Македонија.

Членовите на НАПАГ со целосно

членство добиваат бесплатна

сертифицирана обука за модул на

алатки кои им помагаат да се стекнат

со вештини за генерирање

иновативни идеи и селектирање на

една идеја со најголема шанса да се

развие во профитабилен бизнис.

Дополнително, секој член на НАПАГ

добива ексклузивна можност да

добие 20% попуст на сите останати

модули од академијата Life Tools

Academy кои ќе им помогнат да

изградат личен бренд, дознаат

дополнителни алатки за генерирање

иновативни идеи и вештини за нивна

евалуација и процена за атрактивност,

се стекнат со вештини за продажба и

аплицирање на проекти за домашни и

странски донатори, како и останати

лични вештини кои сите работодавачи

ги бараат кај нивните потенцијални

вработени.

2

ПАРТНЕРИ - РАБОТОДАВАЧИ

Page 3: napagNIK br 3

6

„Оваа соработка е важна за НАПАГ

од три причини: Прво,

воспоставивмр официјална

соработка со студентскиот

парламент на Универзитетот за

туризам и менаџмент, второ, ова

беше второ официјално

доделување на сертификати за

членство на генерација 2014 за

членовите со слободно и целосно

членство, како и прогласување на

двајца почесни членови. Трето,

официјално за прв пат го најавивме

натпреварот за најдобар есеј кој е

наменет за сите студенти со

целосно членство на НАПАГ, при

што во соработка со КОУЗОН на

студентетот со најдобар есеј НАПАГ

целосно ќе му ги покрие трошиците

за програмата Work&Travel 2015“–

изјави д-р Виктор Ѓорѓиевски,

претседател на НАПАГ.

„Драго ми е што бев прогласен за

почесен член на НАПАГ и ми е мило

што потпишавме меморандум за

соработка со што на нашите

студенти им се овозможува да

извршуваат практична настава во

нивната организација“ – пренесе

Јане Митрески, претседател на

Студентски парламент при УТМС

Свој мотивициски говор на

големиот број присутни членови на

НАПАГ, претставници од

партнерските организации,

студенти и професори од

Универзитетот за Туризам и

Менаџмент Скопје одржа и Д-р

Рашела Мизрахи која со своите

врвни научни достигнувања се

вбројува во редот на најуспешните

научници во светски рамки во

својата област. Воедно, Д-р

Мизрахи како една од првите

учесници во реализацијата на

проектот „Најсупешните студенти

учат од најуспешните Макеоднци“

официјално беше прогласена и за

почесен член на НАПАГ.

„Од денес сум почесен член на

НАПАГ и ми е драго што сум дел од

оваа асоцијација“ – истакна Д-р

Рашела Мизрахи, почесен член на

НАПАГ.

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СТУДЕНТСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПРИ ДРЖАВНИОТ ТЕТОВСКИ УНИВЕРЗИТЕТ И НАПАГ

На ден 15 октомври 2014 година, во

просториите на новата зграда на

ректоратот на Државниот

Универзитет во Тетово,

претседателите на Студентскиот

парламент при ДУТ и на

Националната асоцијација на

престижни академски граѓани

потпишаа меморандум за соработка

кој претставува основа за

воспоставување на идна соработка

во реализацијата на заеднички

активности.

Шабан Арслани, претседателот на

СПДУТ изрази особено задоволство

што и на најуспешните студенти од

овој универзитет ќе им се оддаде

признание за нивните досегашни

академски постигнување и истите ќе

имаат шанса да се вмрежат и да

бидат дел од новата креативна и

претприемничка интелектуална

елита во Република Македонија. Д-р

Виктор Ѓорѓиески, претседателот на

до раководството на СПДУТ за

нивната спремност за соработка, со

надеж

НАПАГ изрази огромна

благодарност дека во блиска

иднина кон семејството на НАПАГ

ќе се приклучат и првите членови

од овој Универзитет, на кои на

свечен настан ќе им се доделат

сертификатите за членство.

Ова е деветта официјална

соработка на НАПАГ со

организации и институции кои се

од интерес на студентите во

Република Македонија.

За студентите, членството во НАПАГ

претставува уште еден чекор на

нивна промоција во пошироката

јавност преку која работодавачите

полесно ќе можат да ги пронајдат

потребните човечки ресурси.

„Ми претставува чест и

задоволство да бидам дел од

НАПАГ бидејќи дава голема

вредност на нас студентите,

бенефитите кои ќе ги добиеме се

од огромно значење и им

препорачувам на сите да бидат дел

од оваа асоцијација“ – рече Севда

Шешун, дипломиран економист од

Американ колеџ

„Сметам дека НАПАГ ќе ми помогне

при мојот личен развој и мислам

дека ваква асоцијација беше

неопходна во македонското

општество. Веќе посетив една

обука, а сега се подготвувам за да

учествувам со есеј

за Work&Travelпрограмата“ –

додаде Маја Николова од

Економскиот факултет Скопје.

>> ПРОД. ОД СТР. 1

ПАРТНЕРСТВАТА НА НАПАГ СО ОСТАНАТИТЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТИ И ОРГАНИЗАЦИИ

3

ПРОЕКТ: „Најдобрите студенти учат од најуспешните претприемачи“

Анита Христова (Христови Инженеринг)

ЛИЧНА ПОРАКА ДО НАЈУСПЕШНИТЕ СТУДЕНТИ Треба да сфатите дека промените денес се случуваат со многу брзо темпо. И за да имате

успех секогаш треба да бидете спремни да ги предвидите овие промени и со макотрпна

работа да ги дочекате спремни во моментот кога истите ќе се случат. Во тој контекст,

сегашноста треба да Ви е во фокусот на интерес . Или, секогаш имајте го предвид одговорот

на прашањето “Знаете ли како успеав?” кој јас во многу прилики јавно го споделувам и кој

гласи: “Му се насмевнував на секој ден”. Или, многу е важно да го запаметите следново: “

Не можете да го смените минатото, ниту целосно да ја предвидите иднината, но ако живеете

квалитетно секој ден, оставате зад себе квалитетно минато и трасирате квалитетна иднина”.

ЛИЧНА ПОРАКА ДО НАЈУСПЕШНИТЕ СТУДЕНТИ Сметам дека и во Македонија има простор една личност да се развива и на професионален и

на приватен план. Кај и да одиш, секогаш дома си е дома и моја девиза е дека приоритет на

секој човек треба да биде пронаоѓањето на животниот мир во домашната средина. Инаку,

ние треба да сме среќни што живееме во време во кое цел свет е секогаш отворен за

квалитетни кадри, а искористувањето на овие можности зависи во голема мера од секоја

индивидуа, и тоа пред сѐ од нејзините амбиции, но и спремност за постојан личен развој.

При носењето на одлуката за живеење во странство, секогаш треба да се направи целосна

cost-benefit анализа или проценка на вкупните придобивки, но и вкупните загуби од

заминувањето, имајќи ги во вид можностите за работа и заработувачка, но и сите останати

аспекти на квалитетот на живот (близина до семејство, патување до работно место,

социјален живот, и сл.). Погледнато на овој начин, врз основа на моето искуство и можноста

која ја имав за споредба со животот во повеќе поголеми градови во европа и светот, можам

да констатирам дека барем Скопје, како главен град нуди сосема пристојни можности за

социјален живот, вработување и брза и лесна комуникација, при што уште еднаш ќе

повторам и со тоа ќе завршам – кај и да одиш, секогаш дома си е дома.

Фросина Мешкова (Свислион)

д-р Златко Симоновски

(ФАКОМ)

ЛИЧНА ПОРАКА ДО НАЈУСПЕШНИТЕ СТУДЕНТИ Моќта и иднината е во младите и само нивниот творечки и иновативен дух може да ја

промени сивата реалност во која живееме. Колку поголеми соништа имате, толку е поголема

мотивацијата да ги остварите. Предизвици секогаш ќе има, а тоа не значи дека треба да

сопреме и да се откажеме. Не го поминувајте животот како жртви обвинувајќи ги другите за

вашите проблеми и неуспеси, прифатете ги предизвиците и тргнете напред, ги имате сите

предиспозиции да успеете во животот и трудете се да ги надминете предрасудите. Наместо

нив станете одговорни за свиоте постапки и прифатете ги последиците. На пример почнете

вака: ако сакате да бидете менаџер, треба да сте свесни дека тоа не е функција која ви е

доделена и која треба да ја носите, туку работа која макотрпно и одговорно треба да ја

сработите. И одговорно тврдам дека тоа е најтешката работа која ќе ја одберете за себе, да

носите целосна одговорност за целата компанија за сите вработени и за се што се случува и

наоѓа таму. Работете и верувајте во својот успех, на крај и самите создавајте си ги

можностите во животот.

ЛИЧНА ПОРАКА ДО НАЈУСПЕШНИТЕ СТУДЕНТИ Загрижуваат повеќегодишните тенденции на заминување на младите и квалитетни кадри од

Република Македонија. Од мое лично искуство, како човек што престојувал во странство, со

сигурност можам да потврдам дека и во нашата држава постојат услови за добар живот.

Единствено нешто што младите треба да го разберат е дека успехот во градењето на личната

кариера не доаѓа преку ноќ и дека со добивањето на факултетска диплома не само што не

завршува работата, туку напротив, тогаш започнува битката за успех во животот. За тој да се

случи, потребно е постојано надградување на теоретските познавања од струката, особено со

бизнис-вештини со чија помош ќе се сфати дека секој бизнис постои за своите клиенти, но

подеднакво важна е и вербата во своите квалитети и истрајноста во реализацијата на

личната визија и целите.

Иван Дејановски (Монтенегро Мебел)

* Целосните интервјуа можете да ги прочитате на веб страната на НАПАГ www.napag.mk или на facebook профилот

Page 4: napagNIK br 3

4

Во склоп на проектот „Најдобрите студенти учат од најуспешните научници“, НАПАГ го пренесува интервјуто со новиот почесен член,

д-р Ева Михаиловска.

1. Која е Ева Михаиловска?

Ева Михаиловска е молекуларен

биолог која моментално живее и

работи во Виена, Австрија, а инаку

има македонско и влашко потекло.

Има завршено студии по

молекуларна биологија и

магистратура по генетика во Софија,

Бугарија и Докторат по молекуларна

биологија во Виена, Австрија, каде

што моментално работи на својот

постдокторат.

2. Кои се најтешките предизвици со

кои се имате соочено во развојот на

вашата кариера?

Целиот процес на докторски студии

беше полн со предизвици на

секојдневно ниво, вклучувајки

планирање на научен труд,

истржувачка работа, како и

публицирање на научни трудови во

интернационални научни списанија,

но сепак најголемиот предизвик за

мене е што се борев и успеав сама (со

подршката на мојот сопруг) во туѓа

држава.

Најуспешните студенти учат од Ева Михаиловска, молекуларен биолог на постдокторски студии во Виена „Срамежливоста и скромноста не се доблест! Напротив, колку сте поуверени и поупорни, поголема е веројатноста да успеете!“

3. Што би издвоиле како најголем ваш

досегашен успех на кои сте посебно

горди?

Фактот дека сите мои успеси се должат

претежно на мојот сопствен труд. Горда

сум што сум независна, борбена и

упорна, и што успеав да станам Доктор

на науки на 29 години во престижен

Европски Универзитет, исто така што

публицирав научни трудови на

интернационално ниво. Се радувам

што учествував на бројни

интернационални конференции и

состаноци, каде што ги презентирав и

дискутирав моите постигнувања пред

научници од светски познати

истражувачки центри.

4. Според ваше мислење, кои се

неколку клучни фактори за личен и

кариерен успех?

Па би можела да набројам многу, како

на пример силна мотивација, желба за

постигнувања на секојдневно ниво,

независност, креативност. Сепак би

издвоила две без кои ниеден

вистински успех не би бил можен:

упорност и ефикасна макотрпна работа.

5. Колку е важна креативноста и

иновативноста за успех во кариерата?

Да се биде научен работник не значи

дека знаеш сé, напротив значи дека не

знаеш речиси ништо и го истражуваш

непознатото. Нема правила кои да се

следат, туку со помош на литература,

консултации, креативност и храбро

експериментирање доаѓаш до нови

отркритија. Секако дека креативноста,

иновативноста и оригиналноста се

клучни за успех.

6. Која е вашата визија за иднината?

Каде се гледате за 5 години? Во кој

правец треба да се движи развојот на

Македонија во наредниот период?

Јас ја обожавам молекуларната

биологија и правам сé возможно да

останам во оваа област како научен

работник. Мојата цел е да

истражувам патологија на болести

што ја зафаќаат човечката популација

на молекуларно ниво. Што се

однесува до развојот на Македонија,

потребни се клучни промени на

професионално ниво, вклучувајки

темелна организација, подобро

лидерство, засилување на

дисциплината, но и мотивацијата на

вработените, како и консултации со

интернационална експертиза и

надзор од истата. Испраќање млади

кадри на обука во странство, на

интернационални консултации и

конференции (под интернационални

не мислам само на соседната Бугарија

и бивши Југословенски Републики) би

имало голем придонес за развојот на

Македонија.

Исто така луѓето би требало да сфатат

дека не е важно што работиш и каква

титула имаш, туку колку си добар во

својата работа. Би требало да се

инвестира и во професии во кои не се

бара високо образование. Средната

класа е движечка сила на една

држава, а таа во Македонија е за жал

многу бедна и запоставена. Според

мене Македонија има доста

неискористени запоставени ресурси, а

за сметка на тоа се инвестира во

високо образование.

Понатаму, имам впечаток дека целиот

концепт на високото образование во

Македонија е погрешен. Би требало

да се зголемат можностите за

студентите да работат за време на

студии, едноставно за да стекнат

работна навика. Голем број од

студентите немаат никакво работно >> ПРОД. СТР. 5

5

>> ПРОД.ОД СТР. 4

искуство, не волонтираат, не се

интересираат, и се надеваат дека

дипломата сама по себе им е виза

за добра работна позиција.

Волонтирање (барем 6 месеци) за

време на студии би требало да

биде задолжително, а таквите

позиции би требало да бидат

отворени и достапни.

7. Ваша лична директна порака до

најуспешните македонски

студенти.

Прво, ве поздравувам, вие сте

реткост. Продолжете така, останете

мотивирани, упорни и давајте сé од

ЛИЧНА ПОРАКА ДО НАЈУСПЕШНИТЕ СТУДЕНТИ

Постојано развивајте се, интересирајте се и посветете се на тоа што го работите, вклучувајте се во

проекти, учете јазици, читајте интернационални научни списанија (ако немате достап, пратете емаил на

авторите и побарајте копија, ќе се изненадите некогаш колку луѓето се радуват да помогнат).

И запомнете: срамежливоста и скромноста не се доблест! Напротив, колку сте поуверени и поупорни,

поголема е веројатноста да успеете.

себе. Ако сте навистина добри, ќе

успеете. Сфатете е дека е нормално

да се почнува од нула. Еве со вас ќе

го споделам мојот пример: мојата

прва плата беше 1500денари во

Бугарската Академија на Науките,

каде што работев по 50 часа

неделно.

Благодарение на тоа што го научив

таму, се запишав на докторски

студии во Виена. Сега работам како

научен работник во престижен

Европски институт.

Искрено ви препорачувам сами да

превземате иницијатива за вашата

иднина, патувајте и отворете си ги

хоризонтите и што е многу важно:

волонтирајте во странство! Така

ќе научите од најдобрите, ќе се

научите на професионалност,

дисциплина и ќе стекнете нови

знаења кои во иднина ќе ги

примените во Македонија. Ако

сакате да волонтирате, имајте

предвид дека контактите се многу

важни, затоа контактирајте ги

работодавците дирекно, праќајте

редовно апликации, побарајте

помош од колеги, познаници или

сограѓани во институтот каде што

сакате да работите.

Во ова издание на напагНИК, НАПАГ ги презентира дел од членовите од првата генерација со статус на целосно членство

ЧЛЕНОВИ НА НАПАГ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА И НИВЕН ПРОСЕК